Шекил О’Нил, легендарниот американски кошаркар, смета дека падот на гледаноста во НБА се должи на зголемениот број на шутеви за три поени.
„Имам теорија. Гледаноста е намалена затоа што секоја вечер го гледаме истото. Денеска сите екипи шутираат тројки. Сите ги изведуваат истите потези во проклетата област зад линијата за три поени, со дриблинг и чекор назад. А рејтингот ќе продолжи да паѓа доколку не се вратиме на она што го правевме претходно“, вели популарниот Шек.
Шек оваа изјава ја даде по натпреварот помеѓу Голден стејт и Далас на кој беа реализирани 48 тројки, најмногу во историјата на НБА. Вориорс реализираа 27 тројки, од кои 18 во првото полувреме. Меѓу виновниците секако е и Стеф Кари, најдобриот шутер во историјата.
Тој упати седум тројки и беше мета на критики и од Шек, кој рече:
„Кари ја уништи кошарката“, заклучи Шек.
Текстот Шекил О’Нил: Кари ја уништи кошарката е превземен од МАКФАКС.