Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека денеска за време на преговорите со Киев се разговара за тоа Украина да стане неутрална држава со статус кој би можел да се спореди оној на Австрија и Шведска, пренесува „Гардијан“.

Advertisements

„Ова е опција за која сега се разговара и која може да се смета за компромис“, рекол портпаролот на Кремљ, Песков, за новинарите.

Главниот преговарач на Русија во преговорите со Украина, Владимир Медински, рекол дека австрискиот и шведскиот модел ќе значи дека Украина ќе може да ја задржи својата војска, но нема да и биде дозволено да прима странски бази или трупи.

Порано во текот на денот, рускиот министер за надврешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за руските медиуми рече дека преговорите одат тешко, „но постои оптимизам да се обезбеди компромис“.

Прикажи повеќе