Швајцарија започна со ублажување на ограничувањата за пандемијата на коронавирус, бидејќи исчезнаа стравувањата дека скокот на инфекции поттикнати од варијантата омикрон ќе го урне здравствениот систем.
Од денеска не важат правилата за карантин и наредбата за работа од дома, соопшти владата. Конечната одлука за тоа како да се продолжи со укинување на мерките треба да се донесе на 16 февруари.
„Владата забележа позитивен развој во болниците – и покрај рекордно високите бројки за инфекција, нема преоптоварување и зафатеноста на единиците за интензивна нега дополнително се намали“, се вели во соопштението на владата, наведувајќи дека „причината за тоа е веројатно високиот имунитет на населението поради вакцинацијата“.