реклама
Холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер денеска е приведен на аеродромот во Минхен бидејќи на царината не пријавил вреден часовник наменет за продажба, изјави портпаролот на царината.
Шварценегер (76), кој пристигна од САД, најверојатно ќе може да го продолжи патувањето, но ќе мора да го остави часовникот во Минхен, изјави портпаролот на царината Томас Мајстер.
реклама
Против поранешниот гувернер на Калифорнија е покрената кривична постапка за фискална проневера.
Шварценегер требало да го пријави часовникот на царина и да го плати данокот бидејќи часовникот ќе остане во ЕУ, рече Мајстер.
реклама
Според германскиот весник „Билд“, кој го откри случајот, Шварценегер сакал да го стави часовникот на аукција во четвртокот на вечера организирана во познатиот австриски ски-центар Кицбил.
Во текот на таа вечер треба да се стават на продажба уметнички дела и вредни предмети, а собраните средства ќе бидат наменети за поддршка на различни климатски проекти на холивудската ѕвезда.
реклама