Хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ (30) се очекува следната сезона да игра за тимот од Дубаи, објавија шпанските медиуми.
Шариќ на лето сигурно ќе ги напушти НБА и тимот на Денвер каде нема соодветна минутажа, па оттука и одлуката да се врати во Европа.
Реал Мадрид покажа интерес за Шариќ, но според медиумите двете страни не постигнале договор.
Според шпанскиот портал „Енцестандо“, кој прв објави дека Реал Мадрид се интересира за хрватскиот кошаркар, тврди дека Шариќ одбил договор од еден милион евра по сезона.
Наместо Реал, Шариќ го избрал амбициозниот Дубаи и според Шпанците тој веќе постигнал договор со овој клуб.
Текстот Шариќ ја одбил понудата од Реал, се сели во Дубаи е превземен од МАКФАКС.