Шангај, еден од најголемите кинески градови, со околу 26 милиони жители, од денеска ќе биде во карантин, како дел од стратегијата за борба против Ковид-19.
Пудонг во Шангај и блиските населби ќе бидат затворени од денеска до петок, бидејќи започнуваат масовни тестирања низ градот. Другиот дел од градот западно од реката Хуангпу ќе биде затворен од петок.
Жителите ќе мора да останат во своите домови, а испораките ќе бидат оставени на одредени места каде луѓето ќе немаат меѓусебен контакт. Сите фирми кои не се сметаат за неопходни ќе бидат затворени, а јавниот превоз ќе биде суспендиран.