Земјите членки на НАТО денеска во Брисел ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за членството на Шведска и на Финска.

Advertisements

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и нејзиниот фински колега Пека Хависто ќе учествуваат на церемонијата на потпишување заедно со претставници на сегашните 30 членки на НАТО.

Протоколите му дозволуваат на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, официјално да ги покани Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата, но процесот на ратификација може да потрае шест до осум месеци.

Потпишувањето на протоколите за покана беше пролонгирано поради спротивставувањето на Турција која ги обвини Стокхолм и на Хелсинки дека поддржуваат терористички групи.

Недоразбирањата беа надминати откако Турција, Шведска и Финска се согласија да соработуваат во низа антитерористички операции, вклучително и договори за екстрадиција и ветувања за ставање крај на ембаргото за оружје.

Прикажи повеќе