Комбинацијата на сирење и овошје долго време спаѓа во нашите омилени слатки, па за вас денес ви подготвивме рецепт за чизкејк со малина.

Сè што ви е потребно е…

500 милилитри полномасно млеко
75 грама стевиа
75 грама мелени бадеми
2 лажички масло од кокос
230 грама крем сирење
2 лажици сок од лимон
2 лажички екстракт од ванила
130 грама свежи малини
малку желатин

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени.

Во тенџере загрејте го млекото, додека не зоврие, намалете ја топлината, додадете 50 грама стевиа и желатин и оставете да се готви половина час, повремено мешајте. Кога смесата ќе се намали и згусне, извадете ја од шпорет.

Измешајте мешавина од мелени бадеми, растопено масло од кокос и 25 грама стевиа. Добиената мешавина ставете ја во калап и добро притиснете ја. Кората печете ја во рерна 7-8 минути.

Во сад, со миксер изматете го сирењето, додека не добиете кашеста смеса. Додадете сок од лимон, екстракт од ванила и изладена мешавина со млеко. Мешајте додека смесата не се соедини, па додадете малини.

Во кора истурете ја смесата и ставете ја во фрижидер минимум 3 часа, за да се стегне.

Украсете по желба.