Чешкиот амбасадор Јарослав Лудва заедно со министерот за здравство Илир Демири официјално предаде инкубатор од чешката фирма ТСЕ Ческе Будјејовице.
„Оваа опрема од ТСЕ е уште една потврда за пријателските врски помеѓу нашите две земји. Сигурен сум дека овој инкубатор со висока технологија понатаму ќе го унапреди угледот на клиниката во Чаир и ќе спаси многу бебешки животи,“ рече чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.
Финансирањето на проектот беше обезбедено од Чешката агенција за развој заедно со македонската фирма Промедика.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.