Пред да го кажете судбоносното „да“ и да дојдат децата (доколку сакате), има неколку работи што треба да ги направите.
Покрај „стандардните совети“ по ова прашање, како на пример дека треба да стекнете финансиска самостојност пред брак и да патувате барем еднаш сама, ова се некои можеби очигледни, но сепак често превидени работи.
Научете што ве прави среќни
Дваесетите се идеално време да се запознаете себеси. Откријте што сакате, а што не. Најдете работа што ја сакате, работете на хоби што ве прави среќни и изградете живот во кој ќе бидете засекогаш вљубени.
Ценете се себеси
Секој од нас е роден со одредена комбинација на доблести, таленти и маани. Научете да го прифаќате секој дел од себе и уште поважно – сакајте се себеси. Затоа што секој самоуверен човек може со своите таленти да придонесе за благосостојбата и убавината на светот околу нас.
Читајте колку што можете повеќе
Еден ден кога ќе имате партнер, деца, кариера и еден куп обврски, можеби немате време за сѐ што сакате. Искористете го ова време за да апсорбирате што повеќе книги и да се збогатите духовно и интелектуално колку што можете повеќе, советува Cosmopolitan.hr.
Стекнувајте здрави навики
Поставете ја основата за подобро здравје и добар изглед. Носете очила за сонце, негувајте го лицето, спијте доволно, јадете здраво, вежбајте редовно. Ќе си бидете благодарни секој ден