Физичката активност е секогаш важна, но за време на жешките летни денови е тешко да се присилиме да правиме некои тешки вежби или движења, а и не е здраво да се напрегате кога сонцето пече и не можете да дишете.
Олеснувач на стрес
Нивото на хормонот на среќата се зголемува
Пливањето е за секого, а го стимулира ослободувањето на мозочниот хемиски ендорфин, кој ја намалува перцепцијата на болката и како нуспојава нè прави среќни и ни дава чувство на природна возбуда, како опуштена еуфорија, возбуда и задоволство – едноставно прекрасно чувство после пливање.
Сина боја
Сината боја на водата има смирувачки ефект, само гледањето во неа може да не направи помирни и посреќни. Така, следниот пат кога ќе почувствувате радост по скокот во морето, можете да покажете благодарност на хемикалиите на вашиот мозок, кои докажуваат колку навистина е корисно пливањето за менталното здравје.