Фенолните соединенија се еден вид антиоксиданс кој се наоѓа во лимонот и тие се важни бидејќи одржуваат здрави нивоа на крвен притисок, ендотелијална функција и нивоа на добар ЛДЛ холестерол.Лимонот е дел од семејството Rutaceae заедно со други агруми. Меѓу бројните благотворни ефекти на ова кисело овошје се издвојуваат 4 најважни здравствени придобивки.Камењата во бубрезите се познати и како бубрежни камења или нефролитијаза. Тоа се цврсти наслаги направени од минерали кои се акумулираат во уринарниот тракт и се формираат во бубрезите. Камењата во бубрезите погодуваат околу 10 проценти од населението. Зголемувањето на нивото на слаба киселина, наречена цитрат, во урината и правењето на урината поалкална може да помогне во спречување на камења во бубрезите.Лимоните се богати со витамин Ц и други антиоксиданси кои го поддржуваат здравјето на срцето. Конзумирањето адекватен витамин Ц ги штити клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали – високо нестабилни честички кои можат да ги оштетат клетките доколку не се неутрализираат. Ова може да помогне да се спречи атеросклероза (натрупаност на наслаги во артериите), состојба која го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.
3. Ја подобрува апсорпцијата на железоЕден лимон содржи повеќе од 30 проценти од дневната вредност за витамин Ц, кој е важен за апсорпција на железо, како и за намалување на ризикот од срцеви заболувања. Тоа ни помага подобро да го апсорбираме не-хем железото, кое се наоѓа во растенијата и храната збогатена со железо, како што се лебот и житариците.Антиоксидансите во лимонот го спречуваат оштетувањето на клетките поврзани со здравствени состојби како што се кардиоваскуларни болести, хронично заболување на бубрезите, рак и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). ХОББ е група на хронични, прогресивни белодробни заболувања кои го ограничуваат протокот на воздух во белите дробови и предизвикуваат отежнато дишење.
Бројни студии покажаа дека цитрусното овошје е богато со антиоксиданси присутни во сокот и „месото“, но неодамнешните истражувања покажуваат дека лушпите од цитрус содржат уште поголеми количества на антиоксиданси кои го поттикнуваат здравјето.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.