На автопатот „Гоце Делчев“, во близина на клучката Коњари, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во која се превртело патничко возило „хонда“ со скопски регистарски таблички, информира МВР.

Несреќата се случила на 30 август, околу 13:15 часот, во правец од Свети Николе кон Скопје. Возилото го управувал 36-годишниот З.Н. од Скопје.

Според информациите, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот, неговата сопатничка С.Н. (36) и уште едно малолетно лице. Повредените се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а причините за несреќата се испитуваат.

 

Текстот Четири лица, меѓу кои и деца повредени во сообраќајка во Коњари е превземен од МАКФАКС.