Вечерва со почеток од 20 часот и 45 минути не очекуваат четири спектакуларни реванш натпревари од четвртфиналето на Лигата на нации на УЕФА.
Франција ќе се обиде да надопилни минус од два гола против Хрватска во Париз, Данска ќе брани гол предност во Лисабон против Португалија, Германија ќе ја пречека Италија во Дортмунд и ќе се обиде да го „потврди“ триумфот од Милано од 2:1, додека Шпанија и Холандија ќе се соочат во Валенсија, по ремито 2:2 во Ротердам.
Покрај борбата за пласман во полуфиналето на најмладото репрезентативно натпреварување во светот, во кое Шпанците го бранат трофејот, овие осум селекции во зависност од исходот од реваншите вечерва ќе дознаат и во која група ќе бидат за мундијалските квалификации.
Квалификациите започнаа во четвртокот, оние селекции кои ќе стигнат до полуфиналето на Лигата на нации ќе им се приклучат дури во септември, додека оние кои ќе бидат елиминирани вечерва ќе го започнат патувањето до Светското првенство во јуни.
Секако, сите осум од овие селекции ќе бидат фаворити во своите групи, но многу е интересно да се напомене дека најмалку две од поразените селекции во четвртфиналето на Лигата на нации ќе влезат, во полесни групи.
Победникот од дуелот Франција – Хрватска оди во групата Д во која се Украина, Исланд и Азербејџан. Поразениот оди во групата Л, во која се Чешка, Црна Гора, Фарски Острови и Гибралтар. Дури и лаиците знаат дека поразениот од овој двомеч ќе има полесна работа во квалификациите.
Победникот од двомечот Португалија-Данска оди во групата Ф, во која се и Унгарија, Република Ирска и Ерменија. Поразените ќе играат во групата Ц во која се уште Грција, Шкотска и Белорусија.
Победникот од дуелот Германија-Италија оди во групата А во која се уште Словачка, Северна Ирска и Луксембург. Поразениот ќе се натпреваруваат во групата И во која се Норвешка, Израел, Естонија и Молдавија.
Победникот од двомечот Шпанија-Холандија ќе се пласира во групата Е со Турција, Грузија и Бугарија. Поразениот ќе играат во групата Г, во која се Полска, Финска, Литванија и Малта.
Текстот Четвртфиналистите во ЛН вечерва ќе ги „бираат“ групите за Светското првенство е превземен од МАКФАКС.