Втората АБА лига пронајде начин да ги избегне проблемите со коронавирусот, па лигашкиот дел од натпреварувањето го одржува во „балони“.
Четвртиот собир на кој екипите на МЗТ Скопје и Пелистер требаше да заиграат на крајот на јануари, сепак е одложен за февруари.
„Балонот“ кој ќе се одржи во Бања Лука, а на него ќе се одиграат натпреварите од осмото, деветтото и десеттото коло во АБА2 лигата ќе се одржи од 7 до 13 февруари.
Оваа одлука дојде по сугестијата на епидемиолозите и надлежните органи, со цел да се избегне ширење на коронавирусот.
МЗТ Скопје на четвртиот АБА2 собир ќе се сретне со Сутјеска, Подгорица и Војводина, додека Пелистер го чекаат дуело со Земун, Рогашка и Подгорица.
По досегашните седум кола во вториот ранг на јадранската кошарка МЗТ Скопје котира одлично и има шест победи и пораз на второто место, додека пелистерци имаат една победа и шест порази.