Ракометната репрезентација на Данска четврти пат по ред стана светски шампион. Данска, во финалето во Осло, убедливо ја совлада Хрватска со 32:26 (16:12)
Ракометарите на Данска ја оправдаа улогата на фаворити во дуелот за златниот медал.
Селекторот Николај Јакобсен, кој ја предводи Данска од 2017 година, ја предводеше својата земја до четвртата последователна светска титула. Таа серија започна во 2019 година со убедливата победа над Норвежаните (31:22) на домашен терен во Хернинг. Славеа во Египет (финале против Шведска – 26:24) две години подоцна, а хет-трикот беше комплетиран во Стокхолм против Французите (34:29).
Скандинавците го диктираа темпото уште од стартот. Хрватска во првите 10 минути постигна само еден гол. Данска оствари предност од трии гола и таа предност лесно ја одржуваше во првиот дел.
Во вториот дел Данците влегоа фуриозно, а практично го решија мечот во 42.минута кога дојдоа до двоцифрена разлика (24:14).
Без сомнение, играч на натпреварот е 24-годишниот Матијас Гидсел. Десниот бек на Фуксе Берлин имаше импресивни учинок 10 гола од 11 удари, како и четири асистенции и една украдена топка. Извонреден на голот беше и Емил Нилсен со 14 интервенции.
Избраниците на исландскиот стручњак Дагур Сигурдсон беа комплетни аутсајдери во ова финале и не го повторија подвигот од Португалија во 2003 година.
Финалниот меч беше последен за Домагој Дувњак и Игор Карачиќ во дресот на Хрватска. Дувњак е рекордер според бројот на постигнати голови и одиграни натпревари во националниот тим.
Текстот Четврта последовна светска титула за Данска, Хрватска немаше шанси во финалето е превземен од МАКФАКС.