Потпретседателката на Европскиот совет за надворешни работи и некогашна портпаролка на порнешниот шеф на бугарската дипломатија, Николај Младенов, Весела Чернева, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, рече дека Европската Унија во моментов се соочува со повеќе предизвици, а внатрешнополитичките состојби во Германија и во Франција ги издвојува како посебно деликатни.
„Мислам дека ќе има голема промена во внатрешните динамики во ЕУ во следните 10 години. Франција и Германија во моментов не се добро синхронизирани. Коалицијата во германија е со потешкотии, Емануел Макрон, во својот втор мандат има повеќе амбиции кон надвор отколку за внатрешната политика на Франција. Изборите во Полска ќе бидат одлучувачки за тоа каква ЕУ ќе имаме“, рече Чернева.