Еден од најперспективните млади фудбалери во Европа, Рајан Черки (21) ќе го напушти Лион во летниот преоден рок. Кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, прашање е само во кој клуб.

Според англиските медиуми, Рајан Черки преферира трансфер во Ливерпул, додека неговиот менаџер води преговори со Манчестер Јунајтед.

Иако има само 21 година, Черки веќе одигра 182 натпревари за Лион. Францускиот фудбалер,

досега постигна 29 гола и имаше 44 асистенции во својата кариера.

Како што пишува „GiveMeSport“, агентот на Черки се сретнал со претставници на неколку клубови, а во моментов разговара и со Манчестер Јунајтед. Во тековната сезона, Черки одигра 41 натпревар во сите натпреварувања за Лион, постигна 12 гола и додаде 19 асистенции, а неговата цена е 35 милиони евра.

„Агентот на Черки разговарал и со Арсенал, Тотенхем и Манчестер Сити, а моментално е во преговори и со Манчестер Јунајтед, иако играчот сака трансфер во Ливерпул. Тој е заинтересиран какви услови се подготвени да понудат челниците на Манчестер Јунајтед, но играчот тоа не го интересира, тој сака да оди во тимот од Енфилд“, тврдат новинарите на „GiveMeSport“.

Текстот Черки сака во Ливерпул, менаџерот во преговори со Манчестер Јунајтед е превземен од МАКФАКС.