Фудбалскиот клуб Челси објави дека договори со „сините“ потпишале младите фудбалери на Спортинг Лисабон, Џовани Кенда (17) и Дарио Есугo (17). Португалскиот клуб од трансферите заработи 62,4 милиони фунти. За Кенда, Челси издвои 43,7 милиони фунти, додека Есуго ќе му се приклучи на тимот ова лето за 18,7 милиони фунти.

Кенда е репрезентативец на Португалија до 21 година и ќе остане во Спортинг на позајмица следната сезона пред да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ во летото 2026 година.

Манчестер јунајтед исто така беше заинтересиран за негов потпис, откако претходно играше под актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим. Се вели дека Јунајтед го следел Кенда пред Аморим да биде назначен за главен тренер на клубот во ноември.

Откако помина време во младинската академија на Бенфика, Кенда му се приклучи на Спортинг во 2019 година на 13-годишна возраст.

Роден во Гвинеја Бисао, Кенда избра да ја претставува Португалија на меѓународно ниво. Играше за селекциите до 17 и 21 година, а во август, селекторот на Португалија, Роберто Мартинез го повика во сениорскиот тим за натпреварите од Лигата на нации против Хрватска и Шкотска.

Кенда оваа сезона одигра 44 натпревари, постигна два гола и забележа осум асистенции.

Есуго, кој исто така е репрезентативец на Португалија до 21 година, оваа сезона беше на позајмица во Лас Палмас. Челзи го следи веќе некое време и очекува тој да му даде длабочина на тимот следната сезона и да биде му биде помошник на Мојсес Каиседо во редот за врска.

Текстот Челси потпиша договори со двајца тинејџери на Спортинг е превземен од МАКФАКС.