Барселона е во финансиска криза, а тренерот Чави Хернадез дополнително сака да добие неколку засилувања за тимот во јануари. Ова значи дека и поголем број од фудбалерите ќе мораат да одат на продажба.
На излезна врата на „Камп Ноу“ се Фелипе Кутињо, Самуел Умтити, Лук де Јонг и Сержињо Дест.
Десниот бек е посебно интересен на трансфер пазарот во Европа, а за него сериоен интерес појавија европскиот првак Челси и германскиот шампион Баерн Минхен.
Барселона плати за Дест отштета од 21 милион евра на Ајакс, а сега би се согласила тој да си замине за сума од 25 мииони европски банкноти.