Челзи со многу мака триумфираше над Ал-Хилал, во полуфиналето на Светското клупско првенство. „Сините“ од Лондон триумфираа над Ал-Хилал со минимални 0 – 1.
На овој меч пресуден беше центарфорот Ромелу Лукаку, кој постигна прекрасен гол во 32′. Челзи доминираше во целина, но без финализирање. Во меѓувреме, Ал-Хилал неколку пати преку контранапади го загрози голот на „сините“, но ги спаси голманот Кепа Аризабалага, кој се најде на вистинското место.
Така, Челзи обезбеди финале, каде на 12 февруари (сабота) ќе се соочи со екипата на Палмеирас.