Чајот од куркума стана исклучително популарен на нашите простори

Ако сакате да пробате чај од куркума, пригответе го на овој начин

Овој чај содржи само 5 состојки: куркума, ѓумбир, цимет, кардамом и природен пчелин мед. Ќе почувствувате благотворно дејство на телото по само неколку дена редовна употреба, а се верува дека ја зголемува отпорноста на организмот.

1/2 лажиче ѓумбир
1/2 лажиче цимет
куркума на врв на лажичето
прстофат кардамом
1 лажиче мед
500 мл вода

Приготвување:
Ставете вода на тивок оган.
Кога водата ќе зоврие, додајте ѓумбир и цимет.
Потоа, додајте куркума и кардамом и промешајте.
Оставете го сето тоа да врие 5 до 10 минути.
Оставете го да се олади десетина минути, а потоа процедете го чајот и засладете го со мед.
Пијте го овој чај секое утро и ќе останете здрави и вити.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.