Сигурно сте слушнале дека постои одреден диететски режим на исхрана по крвна група. Дали сте знаеле дека постојат и чаеви за секоја крвна група?
Крвна група 0
Луѓето со оваа крвна група траба да избегнуваат млеко, грав и глутен. Добро се справуваат со стресот, но желудечната киселина може да им биде голем проблем. Тие би требале да пијат чај и сок од ѓумбир, женшен и зелен чај. Наместо кафе треба да пијат јапонски сенча чај. Им одговара и магдонос, хмељ, брест, нане, глуварче и шипинка.
Крвна група А
Овие луѓе се многу емотивни и аналитични. Тие се многу склони на стрес и имаат високо ниво на кортизол. Кафето не им смета, а би требало да пијат само билни чаеви, да се хранат со овошје и зеленчук (што помалку месо), да се занимаваат со јога и медитација. За нив се зелен чај, јасмин, ајдучка трева, мајчина душица и невен. Им одговара и глог, ѓумбир и кантарион.
Крвна група Б
Луѓето со крвна група Б обично имаат спор метаболизам, склони се кон автоимуни заболувања, дебелеење, летаргија, хроничен замор и проблеми со несоница. Имаат добар дигестивен систем, но треба да се чуваат од бактерии, особено од ешерикија коли. За нив е зелен чај, жалфија и маточина.Им одговара и магдонос, нане, лист од бреза, кантарион, глуварче, ајдучка трева, мајчина душица.
Крвна група АБ
Луѓето од оваа група се интуитивни и отпорни на стрес. Тие треба да се фокусираат на специфични видови на зелен чај и други сродни видови, нане, божур. Мешавина од коприва и нане е особено добра за мажите.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.