Според „Скај Спортс“, Ред Бул сериозно размислува да го замени Лиам Лосон со Јуки Цунода за трката во Јапонија. Јапонското гран при е трето во сезоната, ќе се вози на 6.април.
Лиам Лосон не се прослави на почетокот на кариерата во Ред Бул, иако ја доби довербата пред Јуки Цунода кога тимот му врачи отказ на Серхио Перез.
Шпекулациите започнаа да кружат само неколку часа по завршувањето на неделната трка за Големата награда на Кина во Шангај. Шефот на тимот Кристијан Хорнер оди да коментира.
„Секогаш ќе има шпекулации. Само што ја завршивме трката, допрва треба детално да ги анализираме сите информации“, изјави Хорнер.
Сепак, тој откри некои детали на прашањето дали се точни тврдењата на советникот на Ред Бул, Хелмут Марко дека следниот состанок ќе биде посветен токму на ова тема.
„Лиам моментално има проблем со довербата во болидот. Затоа ги направивме овие големи промени за да се обидеме да обезбедиме подесувања кои му одговараат.
Мислам дека Лиам има потенцијал, но досега не можеше да го искористи. Имаше неколку тешки викенди и медиумите постојано го притискаат. Во оваа работа, притисокот само се зголемува, жал ми е за него. Очигледно во моментов му е многу тешко. Тој е млад возач и имаме одговорност да направиме се што можеме за да му помогнеме“, рече Хорнер.
Текстот Цунода би можел да го замени Лосон по само две трки е превземен од МАКФАКС.