Вработена во Пошта на Црна Гора била измамена за 19.000 евра откако добила телефонски повик од лице кое лажно се претставило како генерален директор на таа институција.
„Измамникот и наредил на вработената да го собере дневниот пазар, да го стави во плик и да му го предаде на таксистот кој наводно ќе дојде да ги собере парите. Работничката ги следела упатствата, но набрзо сфатила дека е измамена и ја известила полицијата“, јавуваат медиумите.
Припадниците на полицијата од Подгорица и Даниловград со брза акција го идентификувале и привеле Н.М.(31) од Даниловград. Кај него биле пронајдени дел од парите, додека остатокот, како што се сомневале, ги потрошил во обложувалници.
Против осомничениот е поднесена кривична пријава за измама.
Текстот Црногорец се јавил кај службеничка во Пошта и и’ се претставил како директор – измама за 19.000 евра е превземен од МАКФАКС.