Припадниците на специјалната полициска управа на Црна Гора утрово го уапсија поранешниот директор за национална безбедност Дејан Перуничиќ, јави „Вијести, повикувајќи се на извори од безбедносните кругови.

Advertisements

Според порталот „Вијести“ од Подгорица, Перуничиќ бил уапсен како дел од истрагата што ја започна Специјалното државно обвинителство, откако вчера беше пронајден уред за прислушување во канцеларијата на главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ.
Специјалното државно обвинителство и Полициската управа денеска ќе одржат прес-конференција во 12 часот, на која ќе бидат соопштени деталите за апсењето на Перуничиќ, јавува РТЦГ. На прес-конференцијата ќе бидат соопштени и повеќе детали за самоубиството на поранешниот вработен во тајната полиција Лука Булатовиќ.

На поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Дејан Перуничиќ и поранешниот агент на тајната придружба Срѓа Павичевиќ, веќе им се суди за незаконско снимање и следење на неколку лица. Со одлука на судија од Вишиот суд во Подгорица, и со почитување на предлогот на бранителите, на обвинетите Перуничиќ и Павичевиќ им се суди зад затворени врати.

Прикажи повеќе