Поради ниската енергетска вредност го намалува ризикот од дебелина, додека високата содржина на антиоксиданти го намалува ризикот од хронични болести.
Цитрусното овошје е вистински еликсир за здравјето. Поради ниската енергетска вредност го намалува ризикот од дебелина, додека високата содржина на антиоксиданти го намалува ризикот од хронични болести.
Благодарение на витаминот Ц ја подобрува апсорцијата на железо, а поради присуството на калиум, магнезиум и калциум се намалува ризикот од хипертензија. Го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, благодарение на ликопенот го намалува нивото на холестерол, додека присутните флавоноиди го намалуваат ризикот од појава на тромб. Спречува појава и на запек, хемороиди, карцином на дебелото црево.
Крварењето на непцата е еден од најчестите показатели дека на вашиот организам му недостасува витамин Ц, па би требало да внесувате што повеќе лимони во различни облици.
Истото се однесува и за пушачите, како и за лицата кои пијат жестоки пијалоци и нередовно се хранат.
Пожелно е наместо кафе повремено да испијат свежо исцедена лимонада.