Централната банка на Косово (ЦБК) пушти во употреба бесплатна телефонска линија преку која припадниците на српската заедница можат да добијат подетални информации за уредбата со која еврото е единствена валута за плаќање во готовина.
Како што се наведува во соопштението на Централната банка на Косово, отворена е бесплатна линија (0800 222 55) за Србите од Косово, кои треба да добијат точни и конкретни информации.
Оваа одлука доаѓа еден ден по седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го искажаа својот став за оваа регулатива, која стапи на сила од 1 февруари.