Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста е настан кој ќе се случи на Улица Македонија на 15 Април со почеток од 17 часот.
На „Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста“ ќе имате можност одблизу да видите голем број на уметности кои широко ќе ја распостелат својата креативност долж улица Македонија.
Ќе настап улични живи статуи од продукцијата Театроск, во живо ќе сликаат учениците од Државното средно училиште Лазар Личеноски, ќе има и ДЏ Сетови, ќе се одигра кореодрамата „Самоти(и)ја“ со Енџи Николоска и Бојан Лазаров, а ќе се случи и подвижниот акт именуван „ЗАЕДНО“ кој ќе се созададе на работилницата на пантомима и уличен театар, акт кој е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија (ЕУ за тебе).
Актот ЗАЕДНО e создаден на Едукативна работилница за пантомима и уличен театар, во кој учествуваат претежно натуршчици, премиерно ќе биде изведен на настанот Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста 15 Април со почеток од 18:00ч. на улица Македонија во Скопје.
ЗАЕДНО е акт кој обединува различности во една целина и има за задача да испрати силна и гласна порака преку молчаливата уметност – пантомимата, колку е важно заедништвото во времиња кога, за тоа најгласно треба да зборуваме обединети, бидејќи без заедништво не сме тргнати кон никаде.
Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста е проект поддржан од прогрмата за култура на Општина Центар за тековната 2025 година.
Текстот Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста денеска од 17 часот е превземен од МАКФАКС.