
Како што продолжуваат борбите во Украина така продолжуваат да растат и глобалните цени на нафтата – и покрај новите мерки насочени кон смирување на пазарите.
Суровата нафта од типот „брент“ – меѓународниот репер за цените на нафтата – достигна 113 долари за барел, што претставува највисоко ниво од јуни 2014 година.
Цената се зголеми дури и откако членовите на Меѓународната агенција за енергетика се согласија да ослободат 60 милиони барели нафта од резервите за итни случаи.
Русија е еден од најголемите производители на енергија во светот и инвеститорите се загрижени дека може да бидат засегнати испораките на нафта или гас.