Целосното затемнување на Месечината доаѓа на 16 мај. Феноменот се јавува кога Сонцето, Земјата и Месечината се наредени речиси во права линија.
Тогаш сенката на нашата планета ја покрива видливата страна на нашиот природен сателит.
Од Македонија ќе можеме да го набљудуваме почетокот на затемнувањето – рано наутро, непосредно пред зајдисонце.
Според Институтот за астрономија при академија на науките, феноменот ќе биде видлив за набљудувачите во Западна Европа, Централна и Западна Африка.
Луѓето во Северна Америка исто така можат да го видат, но во раните ноќни часови по изгрејсонцето.
Затемнувањето најпогодно ќе се следи од Атлантикот, Јужна Америка, Југоисточниот Пацифик и Антарктикот.