Директорот на рускиот Универзитет за медицинска паразитологија, тропски и заразни болести „Сеченов“, Александар Лукашев вели дека омикрон ќе го снема до 1 март. Додава дека овој сој на коронавирусот е помалку смртоносен од другите.
Целата приказна со омикрон ќе биде завршена на 1 март. Се развива многу брзо, па на сето тоа ќе гледаме како на историја, изјави Лукашев.
Лукашев смета дека поблагиот тек на болеста е поради помалата репродукција на вирусот во белите дробови.
Тешко е да се каже точната бројка, но грубо кажано, проценуваме дека е пет до десет пати помалку смртоносен од другите соеви, изјавил тој за ТВ каналот „Русија-24“.
Омикрон се појави во Јужна Африка лани, а сега е присутен насекаде во светот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.