По повод Светскиот ден на театарот, Театар „Чекори“ ќе ја изведе претставата „Гласови“ во Домот на култура „Димитар Влахов“ во Автокоманда, Скопје.
Претставата е закажана за четврток, 27.3.2025, во 20 часот.
Настанот ќе биде од хуманитарен карактер, а собраните средствата ќе бидат донирани во фондот за помош на настраданите и повредените oд Кочани.
Влезот за претставата е бесплатен, но ќе биде поставена кутија за донации, каде што секој што сака, може да придонесе според своите можности.
Режисер на претставата е Маја Ѓурчевска, актерската екипа ја сочинуваат Марко Џамбазоски и Никола Димевски, а тон и светло мајстор е Рој Стефанова.
Пораки за светски ден на театарот читаат: Никола Кузманоски, Зорица Станковска и Михаил Митески.
Текстот Хуманитарна изведба на претставата „Гласови“ од театар „Чекори“ на Светскиот ден на театарот е превземен од МАКФАКС.