Еден навивач на АЕК (22) го загуби животот во пресметката на хулиганите на атинскиот клуб и Динамо Загреб. Тој бил избоден со нож,, поради што итно бил префрлен во болница, но лекарите не успеале да го спасат.
„Бед Блу Бојс“ направија хаос во главниот град на Грција, ги напаѓаа сите што им се нашле на патот, а се обиделе да влезат и на стадионот. Хратските медиуми јавуват дека шест лица завршија во болница, а уапсени се 83 лица, од кои 82 Хрвати.
Да потсетиме, и покрај забраната за присуство на гостински навивачи на натпреварите од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите меѓу актуелниот хрватски шампион Динамо и грчкиот АЕК, дел од навивачите на загрепскиот клуб отпатуваа за Атина, каде денеска од 20:45 часот се игра првиот натпревар.
Грчките медиуми пишуваат дека одигрувањето на натпреварот е под знак прашалник бидејќи властите размислуваат за забрана за одигрување на овој натпревар. Полицијата побара одложување на натпреварот.