Од Полициската управа на Загреб повторно соопштија за нападот со нож утрово во основното училиште Пречко во Загреб.
„Денеска, 20 декември, околу 9:50 часот, 19-годишен хрватски државјанин со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во воспитно-образовна установа во месноста Пречко. Напаѓачот е под полициски надзор.
На повредените им е укажана лекарска помош. Од здобиените повреди едно дете починало“, соопшти полицијата.
Да потсетиме, полицијата претходно извести дека напаѓачот е помлад маж, но тогаш не ја прецизираше неговата возраст, објавија хрватските медиуми.
Текстот Хрватска полиција: Напаѓачот е 19-годишник е превземен од МАКФАКС.