Сè зголемува бројот на заболени од голема кашлица во Хрватска, најмногу кај децата, а низ цела земја се организирани пунктови за тестирање на инфекција, јавува порталот Индекс.
Досега во Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ), како што информираат оттаму, се тестирани 5 342 пациенти, од кои околу 35 отсто биле позитивни.
„Ова е најголемиот број пациенти со голема кашлица во Хрватска во последните 40 години“, нагласуваат од ХЗЈЗ.
Според евиденцијата на ХЗЈЗ, во Хрватска досега од голема кашлица се разболеле 2 312 лица, најмногу во градот Загреб, а потоа и во Сплитско-далматинската жупанија. Најголем број заболени се на возраст од 10 до 14 години.