Денот на плажа треба да содржи релаксација, чувство на спокојство и многу забава, но сето тоа може да го расипе подуеноста од која страдаат многу жени во летните месеци.Авокадото е многу хранливо, содржи одлична количина на витамини Ц и К, калиум, лутеин и витамин Е. Во случај на подуеност ќе ви помогне калиумот од авокадото, суштински минерал вклучен во регулирањето на балансот на течности и нивото на натриум, за да се спречи задржување на водата, како и влакна кои го движат дигестивниот тракт.Свежите краставици содржат околу 95% вода – неверојатно, нели? Краставицата ви помага при хидратација и спречува подуеност што може да се појави кога не внесуваме доволно течности во телото.Ако често патите од подуеност, пијте јогурт. Полн е со пробиотици, корисни бактерии кои играат клучна улога за здравјето на цревата и ги елиминираат симптомите како подуеност.Бобинките како што се јагодите, боровинките и капините содржат антиоксиданси, витамини и минерали, како и растителни влакна, поради што цревата работат добро, а стомакот останува рамен.Лубениците се нискокалорични, полни со вода, антиоксиданси и влакна – вистинска песна за вашите црева, но и за вашата коса, кожа и нокти.Бананите се вкусни и хранливи, а исто така се богати со калиум, хранлива материја која поддржува здрава рамнотежа на течности.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.