Според едно најново истражување, вакцината против хуман папиломавирус (ХПВ) ја намалила инциденцата на рак на грлото на матката за речиси 90 отсто.
99 отсто од случаите на карцином на грлото на матката се предизвикани од хуман папиломавирус, а експертите се надеваат дека вакцината речиси може да ја елиминира болеста во иднина. Тие исто така веруваат дека оние жени кои се вакцинираат може поретко да одат на цервикален тест.
Во Обединетото Кралство, девојчињата можат да се вакцинираат против ХПВ уште на возраст од 11 до 13 години, во зависност од тоа каде живеат. Студијата ги анализирала податоците собрани по воведувањето на вакцинацијата во Англија во 2008 година, пишува „Би-би-си“.
Студијата покажа намалување на преканцерозните промени и 87% намалување на инциденцата на рак на грлото на матката кај вакцинирани студенти.
Кај вакцинираните на возраст меѓу 14 и 16 години, стапката на рак на грлото на матката во дваесеттите години била за 62 отсто помала, а во групата вакцинирани на возраст од 16 до 18 години таа стапка била за 34 отсто помала.
Во период од речиси тринаесет години, во Англија се пријавени околу 28.000 дијагнози на рак на грлото на матката и 300.000 дијагнози на преканцерозна состојба наречена цервикална интраепителна неоплазија (CIN3), покажаа податоците.
Околу 450 помалку случаи на рак на грлото на матката и 17.200 помалку случаи на CIN3 дијагноза беа забележани кај млади вакцинирани жени отколку кај невакцинирани жени на иста возраст.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.