Прочитајте ја темната страна за секој од хороскопските знаци и како во 2022 година може да ги потиснете импулсите и да бидете подобри кон себе и кон другите.
Овен
Со вас управува силен, натпреварувачки дух. Сакате секогаш да бидете први, дури и ако тоа значи дека треба да направите погрешна работа. Од друга страна, ако некој не ви обраќа внимание, вие тоа го сметате како лична навреда и почнувате да ја мразите личноста поради тоа. Во 2022 година обидете се да научите како да работите во тим.
Бик
Претставниците на овој знак важат за најголеми материјалисти, но и големи перфекционисти. Жените родени во овој знак поминуваат многу време пред огледало и сметаат дека е сосема нормално да трошат огромна сума пари на облека и козметика. Наш совет би бил да се фокусирате на заштеда и помалку трошење.
Близнаци
Честопати знаете да ги критикувате другите и не сфаќате дека понекогаш вашите груби коментари можат да повредат некого. Ако сакате да бидете во блиски односи со семејството и пријателите во 2022 година, бидете повоздржани и потолерантни.
Рак
За вас е општопознато дека на работите гледате негативно и песимистички. Покрај тоа, вие сте и многу чувствителни – дури и најмалиот проблем може да ве извади од рамнотежа. Ако сакате мирна 2022 година, обидете се да го погледнете светот од поинаков агол. Знаете дека секогаш можете да сметате на пријателите.
Лав
Вие сте шармантни и грижливи по природа, но честопати љубовта ја насочувате кон себе. Желни сте за внимание и ќе дадете сè од себе за да се истакнете. Верувате дека светот се врти околу вас. Во 2022 година треба да им посветите повеќе внимание на оние што ги сакате и да им помогнете, доколку е потребно.
Девица
Очекувате другите да го прават она што вие го сакате, а ако тоа не се случи, веднаш се лутите. Доколку туѓото мислење не се совпаѓа со вашето, тогаш го сметате за погрешно. Покажувате самодоверба која се граничи со ароганција, иако внатре во себе и не сте толку самоуверени. Доколку не почнете да ги земате предвид мислењата на другите луѓе и не ја прифатите помошта од пријателите, тогаш сами ќе ги решавате сопствените проблеми.
Вага
Имате тенденција да избирате погрешни партнери. Кога ќе видите дека врската не функционира пак, ви недостасува храброст да си заминете. Обидете се да се ставите себеси на прво место и да ги доведете работите во ред во вашиот личен живот наредната година. Најдете некој кој ќе ве цени.
Скорпија
Го имате целото време на светот, но сакате сè да биде совршено па затоа секогаш барате мани во секого. Сакате да имате контрола над нештата и знаете како да го усовршите нападот. Доколку не сакате да се најдете себеси во состојба на целосна физичка и психичка исцрпеност до крајот на годината, во 2022 година ви препорачуваме да ги распределите задачите помеѓу колегите на работа и со партнерот дома.
Стрелец
Вам ништо не ви е поважно од вашите желби. Сакате сè да биде како што вие сте замислиле, макар тоа да биде по цена на благосостојбата на другите, бидејќи не ве интересираат туѓите проблеми. Покрај тоа, не обраќате внимание на тоа што другите би можеле да помислат за вас. Во наредната година ве советуваме да почнете да ги земате предвид желбите на другите. Само така животот ќе ви биде помирен и похармоничен.
Јарец
Немате смисла за хумор, но и сте крајно незадоволни од својата неспособност да сакате или да бидете сакани. Сите ваши мисли се насочени кон развивање деловни стратегии. Амбицијата и упорноста ќе ве одведат до моќта што ја посакувате. Но, внимавајте да не се претворите во тирани кога ќе стигнете на врвот.
Водолија
Сметате дека сте супериорни во однос на другите и верувате дека малкумина можат да ви се спротивстават. Напорно работите за да ги остварите своите соништа, па затоа сте подготвени сè да жртвувате, вклучувајќи ги и односите со пријателите. Но, кога ќе го добиете она што го посакувате, вашиот живот ќе стане здодевен. За вас 2022 година ќе биде година на искушенија во сите сфери на животот.
Риби
За вас е карактеристична контрадикторноста, па понекогаш се случува да сте на чекор од колапсот, а да го скриете тоа од другите. Само вие знаете колку конфликти се одвиваат во вашата глава. Иако одбегнувате да размислувате за нештата кои ве мачат, во 2022 година треба да почнете да разговарате со некого и да го споделите проблемот со друга личност. Којзнае, можеби заеднички ќе најдете решение.