Довербата е нешто што се создава меѓу двајца луѓе. Според Зодијакот, некои знаци тешко стекнуваат доверба и постојано го проверуваат партнерот.

Во 2020 година експерти спровеле интересно истражување кое им дало одговори на некои од најчесто поставуваните прашања. Во студијата учествувале 2.112 испитаници кои одговарале на прашања колку често ги прегледуваат мобилните и компјутерите на своите партнери.

Со тоа се дало и одговор кои хороскопски знаци најчесто се склони да го шпионираат партнерот.

Еве за кои станува збор:

Лав

На првото место се Лавовите, дури 75% од луѓето родени во овој знак признале дека повремено го проверуваат телефонот на партнерот. Лавовите се родени лидери и нема да се двоумат да ја преземат работата во свои раце ако мислат дека е тоа потребно.

Рак

Анкетата открила дека 71% од раковите скришно ги гледаат пораките на телефон или компјутер на својот партнер. раковите се многу посветени на саканата личност и истото го бараат од партнерот. Проблеми се појавуваат кога другата страна сака да задржи малку од приватноста.

Риба

На третото место доаѓаат Рибите, со 69%. Сепак, ако партнерот ги фати во шпионажа, тоа повеќе нема да го повторат. Водени се од страст и емпатија, па често дозволуваат чувствата да ги понесат.

Тешко ги контролираат емоциите па мора да вложат натчовечки напори за да останат приземјени.