реклама

Додека некои луѓе ја наоѓаат својата сродна душа на рана возраст и брзо се венчаат, на други им треба повеќе време да ја најдат вистинската личност со која ќе го поминат остатокот од животот.

Иако одлуката за брак се заснова на многу фактори, некои астролози веруваат дека вашиот хороскопски знак може да ви даде увид во тоа колку време ќе ви треба за да најдете љубов и да одлучите да се омажите.

реклама

Во продолжение дознајте кои хороскопски знаци често се венчаат подоцна, вели Индекс.

Водолија

реклама

Водолиите се познати по тоа што се независни и слободољубиви. Тие често се авантуристи и не сакаат да бидат ограничени со традиционалните општествени норми. Ова е причината зошто многу Водолии одлучуваат да се венчаат подоцна, откако ќе доживеат разни авантури и ќе стекнат поширока перспектива за светот околу нив.

Девица

реклама

Девиците се перфекционисти и често бараат совршенство во сè, вклучително и во партнерските односи. Поради високите стандарди и деталната анализа на се, можеби ќе им треба повеќе време да најдат личност која ќе ги исполни сите нивни критериуми.

Јарец

За Јарците, кариерата често е на прво место, а љубовта е втора, па дури и трета на листата на приоритети. Со оглед на тоа што се посветени на својата работа и постигнување на своите цели, Јарците често го одложуваат бракот додека не почувствуваат дека го постигнале посакуваниот професионален успех.

Близнаци

Близнаците се познати по својата непостојана природа и промена на мислењето. Поради ова, им треба повеќе време да одлучат со кого сакаат да го поминат остатокот од животот.

реклама