Тело на бебе е пронајдено во погон за преработка на отпад на периферијата на шпанскиот град Валенсија, соопшти Цивилната гарда.
На телото на бебето сè уште е прикачена папочната врвца, објави шпанскиот медиум „Ла Разон“.
Покрената е истрага за да се утврди каде е фрлено телото на бебето, како и да се лоцираат родителите.
Погонот за преработка на отпад каде што е пронајдено бебето обработува меѓу 400 и 500 тони ѓубре дневно.
Текстот Хорор во Шпанија: тело на бебе пронајдено во погон за преработка на отпад е превземен од МАКФАКС.