Голгетерот на Манчестер сити и репрезентацијата на Норвешка, Ерлинг Браут Халанд очекувано е избран за фудбалер на годината во Норвешка.
Тоа е петти пат по ред како Норвешката фудбалска федерација (Noregs Fotballforbund), , го прогласува напаѓачот за најдобар во изминатата година.
Халанд ја освои својата прва Златна топка во 2020 година како играч на Борусија Дортмунд, кој го наследи Мартин Одегард, и оттогаш се претплати на оваа награда.
„Ова е голема и драга награда за мене, многу ја ценам. Горд сум што го освојувам петта година по ред. Беше добра година, играв постојано и постигнував голови, среќен сум поради тоа. Ја освоивме Премиер лигата, што беше фантастично и имавме многу успеси со тимот“, изјави Ерлинг Халанд.
Текстот Холанд петти пат по ред е фудбалер на годината во Норвешка е превземен од МАКФАКС.