Херстон е првиот украински град кој е под целосна контрола на руските окупатори. Градоначалникот изјави дека на територијата што ја управува нема украински војници, а ја повика руската страна да го овозможи зелениот коридор за евакуација на цивили и жртви. Гранатирањето во последните 24 часа е интензивно во источниот и североисточниот регион додека во Мариупол е уништено главното пристаниште на Украина.
Локалните жители се пожалија дека руската армија бомбардирала и складишта со храна во градот. Властите во североисточниот регион Харков известија дека 34 цивили се убиени а 285 се ранети во напад на руските сили во четвртокот наутро. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика меѓународната заедница да не остане „неутрална“ и ја обвини Русија дека сака да ја избрише историјата на својата земја. Тој исто така нагласи дека моралот на руските војници е опаднат и дека сакаат да се вратат во својата земја, истакнувајќи ги големите загуби на Русија и убиството на над 9.000 руски војници.
„Немаме што да изгубиме освен нашата слобода. Во последните 24 часа гранатирањето не е запрено во пет градови. Но, ние нема да се предадеме. Нашиот морал е висок. Ќе ја вратиме секоја куќа, секое маало и секој град во претходната состојба. И порачувам на Русија: научете го зборот репарација и обештетување. Ќе ни вратите сè што ни одзедовте од нас, од нашата држава и од Украинците“, рече Зеленски.
Зеленски додаде дека се очекува околу 16.000 волонтери од различни земји на ЕУ да и се приклучат на украинската армија. Некои од нив ќе слетаат во Полска, а потоа преку воена логистика ќе влезат во Украина. Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција рече дека целта на Русија е да го собори нацизмот во Украина и дека Москва е решена да оди до крај. Нагласи дека Кремљ поседува информации за напади од други земји, притоа нагласувајќи дека НАТО се обидува да ја задржи својата надмоќ над Европа и САД.
„Нашата цел е да се ослободиме од нацистите во Украина. Ова го кажавме неколку пати и остануваме на тоа. Москва нема да дозволи Украина да остане на заканувачките шини против Русија. Затоа ќе одиме до крај. Што се однесува до нуклеарната војна, тоа е нешто што е во мислите на западните политичари, но не и на главите на Русите“, рече Лавров.
Од друга страна, армијата на Руската Федерација направи биланс од нападот на Украина. Од почетокот на борбите, уништени се 1.612 воени инфраструктурни објекти. Истите опфаќаат 62 командни и комуникациски центри на вооружените сили на Украина, 39 одбранбени системи и 52 радарски станици. Меѓу другото, портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков ја сподели информацијата дека уништени се вкупно 62 авиони на украинската армија, 606 тенкови и оклопни возила, 67 мулти ракетофрлачи, 227 минофрлачи, 405 специјални воени возила и 53 воздушни беспилотни летала (дронови).
Обединетите Нации објавија дека 227 цивили се убиени, а 525 други се повредени во Украина, каде Русија започна офанзива а се верува дека вистинската бројка е многу поголема. Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Холандија, во средата соопшти дека ќе ја продолжи истрагата веднаш откако Русија ја нападна Украина.
Адриан Керими