Макс Ферстапен неодамна ја освои својата четврта последователна шампионска титула во Формула 1.
Хелмут Марко, еден од советниците во Ред Бул, истакна дека пресудни биле неверојатните возачки квалитети на Холанѓанецот.
„Ако ги погледнете последните шест месеци, јасно е дека и Мекларен и Ферари беа побрзи од нас. Сепак, Ферстапен успеа да ја неутрализира разликата со одлично возење. Го имавме тој Макс фактор“, вели Марко.
Како клучен момент ја издвојува победата на Ферстапен на дождот во Бразил, кога триумфот го оствари од 16. место.
„Тоа беше неверојатно возење, доказ дека Макс е пред сите. Помогна тоа што и покрај проблемите со болидот, немавме многу технички грешки во текот на трката“, заклучи Марко.
Текстот Хелмут Марко за Ф1-сезоната: Пресуди факторот Макс е превземен од МАКФАКС.