Висок функционер на либанската екстремистичка организација Хезболах, шеикот Али Дамуш, денеска изјави дека зголемените напади долж израелската граница ќе го отежнат Израел да започне сеопфатна војна против Либан, бидејќи знае дека конфликтот би бил скап, пренесе Бета.
-Нападите, исто така, вршат притисок врз Израел да ја прекине војната во Појасот Газа, рече Али Дамуш во проповедта за време на петочната пладневна молитва.
Хезболах ги засили нападите откако во израелски напад доцна во вторникот беше убиен највисокиот воен командант на организацијата од почетокот на прекуграничниот конфликт на 8 октомври минатата година.
Во Либан загинаа повеќе од 400 луѓе, главно борци. Билансот на жртви вклучува 70 цивили, а десетици илјади луѓе се раселени. На израелската страна загинаа најмалку 15 војници и десет цивили.