Министерката за правда на Република Косово, Албулена Хаџиу, во ексклузивно интервју за Алсат рече дека француско-германскиот план е прифатлив за Косово, но се соочиле со едностраноста на медијаторите со тоа што ги нагласувале барањата на Србија за формирање на Заедницата. Таа додаде и дека Курти не потпишал договор за Заедница со извршни овластувања.
”Кажавме дека не можеме да потпишуваме договори за асоцијации со извршни надлежности, како што ја нарековме ние. Вие знаете добро дека Босна имаше ист случај, кога на почетокот беше формирана како заедница, а сега е Република Српска. Премиерот Курти нема да потпише нешто што се коси со сувереноста и територијалниот интегритет и со интересите на косовските граѓани…“, рече Хаџиу.
Хаџиу побара меѓународни санкции и притисок врз Србија за да ги предаде криминалците во Косово и најави меѓународна потерница за нив.
„Ние веќе работиме на подготвување на меѓународна потерница, но поради чувствителноста на случајот не можам да споделам повеќе информации затоа што може да наштети на истрагата и тоа да не им помогне на правните институции во оваа насока…“, додава Хаџиу.
Хаџиу не ја исклучува можноста криминалната група да се обиде да го повтори делото, но според неа, властите имаат обврска да ги зголемат koнтролите за заштита на Косово.
Шкелзен Аќифи