Косовската министерка за правда Албулена Хаџиу во интервју за Алсат рече дека косовските власти нема да се согласат со формирање на заедница на српски општини која ќе има извршни надлежности. Според Хаџиу сега не е време да се разговара за формирање на заедницата, туку за санкции кон Србија.
Прашање: Дали Косово прави модерна и европска асоцијација како што беше најавено од Брисел?
„Не сум видела што точно презентирал Брисел, ние го имавме француско-германскиот план и тој план бил прифатен од Република Косово како што нагласи и премиерот Курти. На средбата на 14 септември што премиерот Курти ја имал во Брисел побарал тој план или тој договор да се спроведе, да има план за начинот како ќе се спроведе тој договор но од друга страна сме се соочиле со пристрасност на посредниците со адресирање на барањето на Србија да се основа Асоцијација како што сака Србија. Ние сме истакнале дека не можеме да потпишеме договори со кои создаваме Асоцијации или како што ние сме ја нарекле Заедница со извршни надлежности. Вие знаете многу добро дека во Босна има ист пример каде што првично беше формирана како Заедница, а сега е како српска република. Премиерот Курти нема да потпише нешто што е спротивно на суверенитетот и територијалниот интегритет и интересите на граѓаните на Република Косово, затоа нашето барање беше да се спроведе тоа за што сме се согласиле а не да има барања кои се спротивни на Уставот на Република Косово и правниот поредок. Јасно е дека Србија има територијални претензии врз Република Косово, во неговиот Устав Косово е дел од Србија но ние не ги прифаќаме барањата на Србија затоа што веруваме дека се неправедни“, вели Хаџиу.
Прашање: Како ќе се реши прашањето на Асоцијацијата?
„Мислам дека не треба сега да дискутираме за Асоцијацијата особено не после 24 септември кога Косово се соочи со терористички напад. Уште еднаш нагласувам дека нашиот фокус треба да биде за безбедноста на граѓаните на Косово, за граѓаните кои живеат во северниот дел на нашата држава, ние имаме добра соработка со КФОР и ЕУЛЕКС, полицијата во Косово на 24 септември докажа дека по секоја цена ја брани територијата на Косово, сега треба да се изречат санкции за Србија. Исто така Србија треба да ги предаде криминалците кои ги држи таму затоа што како што знаете Косово постојано ги бара и воените криминалци во Србија кои вршеле злосторства во текот на војната и терористите кои извршија терористички напад врз територијата на Република Косово“, рече Хаџиу.