Камала Харис рече дека очекува Доналд Трамп „да зборува многу невистини“.
„Нема под за него во однос на тоа колку ниско може да падне“, рече таа во претходно снимено интервју со американското радио лице Рики Смајли во понеделникот, пренесе Би-би-си.
„Треба да бидеме подготвени на тоа дека тој не се оптоварува со кажување на вистината“, изјави Харис додавајќи дека таа верува дека Трамп „се стреми да се бори за себе, а не за американскиот народ
Харис истакна дека Трамп „ќе лаже“ и се повика на претходните коментари што ги даде и за Барак Обама и за Хилари Клинтон.