Кон средината на април започна ново судење за озлогласениот продуцент Харви Вајнштајн, кој е обвинет за силување.

Toj моментално отслужува казна на островот Рајкерс, каде што се осврна на обвинувањата на актерката Гвинет Палтроу дека сексуално ја нападнал.

„Дефинитивно флертував со неа“, рече тој, инсистирајќи дека обвинувањата за злоупотреба се лажни.

„Сè е измислено. Дури и не ја допрев“, додаде Вајнштајн. За време на интервјуто со политичкиот коментатор Кендинс Овенс, продуцентот се расплака, велејќи дека обвинувањата го „скршиле“.

Палтроу претходно тврдеше дека Вајнштајн ја злоставувал во неговата хотелска соба во 1996 година.

„Беше чудно. Бев сама во собата со него. Тој целосно ме шокираше“, рече актерката.

Според нејзините тврдења, Вајнштајн ѝ пришол облечен само во бањарка и ја прашал дали може да ја масира или дали може да го гледа додека се тушира.

Во април, американските медиуми објавија дека Вајнштајн боледува од хронична миелоидна леукемија, или рак на коскената срцевина. На почетокот на декември минатата година, тој заврши во болница поради „алармантни резултати од крвните тестови“, како што тогаш изјави неговиот адвокат Имран Ансари.

Кон крајот на минатата година, Вајнштајн поднесе тужба против градот Њујорк, обвинувајќи ги властите за небрежност и необезбедување соодветна медицинска нега. Неговите адвокати тврдат дека затворскиот објект не успева да обезбеди соодветна грижа за неговото влошено здравје, а особено го истакнаа студот и недостатокот на чиста облека.

Текстот Харви Вајнштајн низ солзи зборуваше за обвинувањата на Гвинет Палтроу е превземен од МАКФАКС.